Анализа: Три години по револуцијата во Либија – политичка криза и безбедносни закани

Либијците денеска ја прославуваат третата годишнина од почетокот на револуцијата која во 2011 година го симна од власт режимот на Муамер Гадафи. Празникот преминува во загрижувачка атмосфера, одбележан од длабока политичка криза и постојана закана по безбедноста.

Премиерот Али Зејдан ги повика Либијците да покажат волја да се исправат пред политичките и економските потешкотии, кои ја парализираат земјата.

Последиците од револуцијата претставуваат „предизвик“ за Либијците, смета тој.

„Тоа е преживување, кое воопшто не е едноставно, тоа е полно со пречки и фази, кои ја бараат волјата на сите нас, за да бидат надминат“, вели тој, кој сепак го истакнува присуството на напредок каков што претставува „краајот на личната и тиранска власт“ и слободата на изразувањето.

За третата годишнина од револуцијата во Либија не е предвидена никаква официјална програма. Во многу градови спонтани чествувања има од саботата, како на пример во Бенгази, каде што на 15-ти февруари 2011 година се одржа првиот протест против режимот, а два дена подоцна движењето зеде поорганизирана форма.

Блиските на жртвите во масовните убиства во 1996 година во затворот „Абу Слим“ во триполи се покажаа како основа на тие демонстрации, со кои сакаа да изразат протест против апсењето на адвокатот, кој ги преставуваше.

Движењето, кое премина во оружен конфликт, стана причина за смртта и ранувањето на илјади луѓе и доведе до паѓање на полковникот Гадафи кон крајот на вгуст и до смртта на 20-ти октомври.

Во Триполи денеска се предвидувања чествувања на Плоштадот на мачениците, каде е поставена бина, а улиците се украсени со знамиња на независноста. Тротоарите се бојадисани од млади доброволци, а по главните артерии на градот се поставени шарени ламби.

„Нема причина за гордост“

Покрај тоа, кај многу Либијци нема расположение за празнување.

„Празнувањата ќе бидат само за одбележување на празникот. Ако ја погледнеме актуелната ситуацијата, нема за што да бидеме горди“, вели еден Либиец.

„За три години ништо не е направено. Продолжуваме да тапкаме во место“, вели Ахмед Фитури, универзитетски професор, кој смета, дека раскараните политичари ја ограбиле народната револуција.

Потонатата во анархија и хаос, земјата стана жртва на политичка криза без преседан. Од крајот на јануари либискиот парламент, кој е највисока политичка и законодавна инстанца, се исправи преед протесното движење заради спорната одлука да си го продолжи мандатот, кој што требаше да заврши на седми февруари.

Избран во јули 2012 година, парламентот требаше да организира општи избори по изгласувањето на уставот, чие изготвување се уште не е почнато.

Предвремени избори

Под притисок на јавноста во неделата парламентот објави договор меѓу политичките партии за организирање на предвремени зибори со цел составување на нова преодна влада и во очекување на нов устав.

Покрај тоа што не е постигнат никаков консензус за новиот политички систем, кој што треба да биде усвоен во следната фаза од транзицијата.