АНАЛИЗА: Во екс Југославија има 13 точки на можни судири

Балканот и натаму претставува подрачје на висок ризик од етнички, па и меѓународни конфликти, а влијателен германски институт во својата опсежна анализа прецизно ги идентификува изворите на тензиите и точките на судири на територијата на поранешната Југославија.

Постои многу прецизна бројка: на просторите на некогашната Југославија има 13 области на коишто можат да избувнат конфликти или веќе траат, а најчесто тоа се последица од вековните етнички тении, покажува експертизата на Хајдербершкиот институт за истражување на конфликтите (HIIK).

Силвија Штејнингер, политиколог и правник, којашто во институтот HIIK е надлежна за истражување на судирите и тензиите во регионот на Балканот. Институтот од 1992 година годишно го објавува барометарот на конфликтите (Conflict Barometar), кој претставува анализа на глобалните судири, „Поделби, сецесионистички тенденции, протести против владите и провокации на етничко ниво: Балканот не се смирува“, го опиша неодамна за Deutsche Wellе Штејнингер регионот.

zzz
Три групи конфликти

Во опширната анализа се наведува дека на Балканот постојат три групи судири и тензии. Првата ги опфаќа оние поврзани со етничките тензии, коишто во прв ред се остатоци од балканските војни и затоа начесто се застапени во земјите од поранешна Југославија. Втората група се ткн класични конфликти меѓу опозициите и владите, а нив во институтот ги согледуваат на ненасилно ниво и во Романија и во Бугарија, или со појава на насилства на Косово и во Македонија. Третата група конфликти се оние кои се поврзани со милитантните групи. Тоа, според дадениот пример, е соочувањето со ксенофобните, десничарските до екстремно десничарските групи и малцинства во Унгарија или конфликтот со исламистичките групи во Босна и Херцеговина.

Аналитичарите на HIIK успеале во текот на минатата 2016 година да избројат 402 конлфиктни зони, меѓу кои се 226 судири кои вклучувале насилства, од судири со демонстранти и полицијата до вистински војни како оние во Авганистан, Сирија и Либија. Само Турција имаше неколку стотици загинати во бомбашките напади, а многу судири минуваат незабележано, како што се борбите на египетските безбедносни сили и приврзаниците на Исламската држава на Синајскиот полуостров во кои на двете страни се убиени 474 лица. Од ова не е поштеден ниту европскиот континент, каде во Донбас траат судирите меѓу рускојазичните бунтовници и украинскиот сили лојални на Киев во кој се регистрирани повеќе од 9.800 жртви.

Во споредба со тамошните ситуации, на Балканот трае мир, но според заклучоците на Силвија Штејнингер и членовите од нејзината истражувачка група, во сразмерно малиот регион има голем број изразено долготрајни и многу отровни судири. Особено бројот на етничките судири на Балканот одвај се намалил, пореди што „конфликтниот потенцијал на Балканот останува сигнификантно висок“.

По трагата на овие 13 невралгични точки во анализата на политиколозите од Хајдлеберг, од кои некои се многу опасни, др Јосип Глаурдиќ., политиколог кој до неодамна работел на Кембриџ, а во моментов предава на универзитетот на Луксембург, за хрватски Jutarnji list, вели дека се противи на тезата за недовршената историја на Балканот, бидејќи континуирано треба да се работи за да се сфати од каде доаѓаат аканите.

„Со јазикот на десницата, треба а се биде подготвен, а со говорот на левицата, ништо не смее да нé изненади“, иронизира Глаурдиќ.

„Стабилноста на одреден простор не е зададена вредност. Таа е политички условена, значи сé додека постојат политички актери кои се доволно моќни и на коишто им е во интерес да сеат тензии  до создаваат напнатост, така и ќе биде. Уште кога на тоа ќе му се додаде огромниот резервоар од разните ресантимани кои произлегуваат од рецентните воени судир, го имате рецептот за големи проблеми“, смета Глаурдиќ.

Почнувајќи од западот, Хрватска се споменува во две ситуации, од кои едното е поврзано со политичкото барање на српското малцинство, најверојатно околу двојазичност на официјалните написи на што се спротиставува владејачката ХДЗ. Зона на конфликт е и словенечко-хрватскиот граничен спор кој трае уште од 1991 година и е на ниво на политички дијалог.

Дури три конфликтни области се лоцирани во Босна и Херцеговина, кои се оценуваа на релативно ниско ниво кога станува збор за опасноста. Тоа се политичките судири меѓу Хрватите и Бошњаците по барањето за создавање хрватски ентитет во рамките на Федерацијата БиХ, кој е опишан како „барање автономија“ и обидите за издвојување на Република Српска, што се идентификува како сецесија. Двата конфликта сé уште се политики, меѓутоа, предизвикуваат постојана тензија. Се издвојуваат два примера, и тоа скорешни кога во Широки Бријег целиот стадион ја исвирка босанската химна, а публиката скандираше „Ние сме Хрвати, а водечкиот бошњачки политичар Бакир Изебеговиќ предупреди дека одвојувањето на Република Српска од БиХ неминовно води до судир кои би имал несогледливи последици за целиот регион.

Меѓутоа, тука сé уште станува збор за војна со зборови, па HIIK смета дека станува збор за најниско ниво на опасност од судири.

Затоа, пак, за степен повеќе е оценета „опасноста од исламистичките групи кои дејствуваат во оваа земја“. Тоа е подигнато на второ ниво, што значи сериозен но сепак ненасилен конфликт, додека е правен извештајот.

Македонија е во поголема опасност

Во уште поголема опасност е Македонија, каде што во тек се два конфликта. Оној од понизок интензитет се однесува на барањето на албанската заедница за добивање автономија, и притоа се забележува дека последните месеци Албанците го прошириле бројот на барањата и оти сега сакаат воведување на двојазичност и измени на уставот, што предизвикало нови тензии кои сепак не ги имаше во периодот кога е изготвуван извештајот на HIIK. Вториот е судирите меѓу противниците и приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ, на досегашниот премиер Никола Груевски, кој е подигни на опасниот трет степен, кој вклучува насилства меѓу учесниците.

Ситуацијата во Македонија е оценета како извонредно експлозивна, иако претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот на челникот на СДСМ Зоран Заев за составување влада, откако со месеци тоа го одбиваше, тврдејќи дека е противуставна ткн Тиранска платформа на чиишто основи Заев ја договори коалицијата со партиите на албанското национално малцинство.

Автономија на Санџак

Очекувано односите меѓу Србија и Косово, односно Србите и Албанците, претставуваат најопасното подрачје за конфликт во балканскиот регион, што го констатираат аналитичарите во Хајделберг.

Во сегашна Србија се детектирани три области на конфликти, а тоа се позицијата на бошњачката заедница која сака автономија на Санџак и албанските енклави од Прешевската долина, кои имаат тенденција за обединување со Косово. Третата опасност од предизвикување судири ја претставуваат радикалните исламисти кои се вратиле од боиштата во Ирак и во Сирија, а некои од нив сигурно се наклонети на тероризмот.

И на Косово се забележани три зони на судири, од кои најжестока е онаа којашто постои меѓу Албанците, при што припадниците на движењето Самоопределување со насилни демонстрации се обидуваа да ја соборат тамошната влада. Иако немаше насилства, сериозно се затегнати односите меѓу Белград и Приштина, како и меѓу косовските Срби и приштинските власти, кои речиси се целосно се албански.

Кој е излезот

Поради сето тоа се наметнува прашањето за решението за Балканот да престане да биде „буре со барут“, каде што и најмалиот меѓунационален судир може да предизвика експлозија. Честопати се смета дека излезот е во забрзаното примање на државите од регионот во ЕУ, па макар и под поблаги услови отколку што беше случајот со Словенија и Хрватска, слично на Романија и Бугарија. Поборниците на оваа идеја тврдат дека европските интеграции би ги придушиле балканските тензии и би го трасирале периодот на просперитет. Но албанскиот премиер Еди Рама, неодамна дури и се закани дека или ЕУ ќе го забрза приемот на новите членки или Албанија и Косово ќе размислуваат за обединување во единствена албанска држава. На тоа Белград се закани со воена закана, бидејќи Србија не ја признава косовската самостојност.

За разлика од балканските политички елити, Јосип Глаурдиќ е во дилема околу тезата според којашто ЕУ интензивно размислува за спасување на Балканот.

Како и експертите од Хајделберг, и балканските аналитичари и историчари, опстанокот на „сложените држави“ како што се оценети Босна и Херцеговина и Македонија, како и признавањето на Косово од страна на Србија, се претвори во услов за мир на Балканот.

„Еден дена би можело да се случи и Србија да го признае Косово. Само, прашање е дали Косово ќе постои или пред тоа ќе тргнат во обединување со Албанија. И БиХ и Македонија може да опстанат, но она што е вистина е тоа што без драматично појако влијание на ЕУ, бидејќи на Америка на Трамп не треба да се смета, иднината на Македонија и на БиХ станува сé попроблематична“, скептичен е Јосип Галаудриќ, за Jutarnji list.

Слично размислување има и Никола Самарџиќ, професор на историја на Филозофскиот факултет во Белград и политички аналитичар во изјавата за Магазин.

„… Мислам дека во моментов прашањето на опстанокот на Македонија и на БиХ е ултимативно, на тоа особено опоменуваат актуелните настани во Скопје.. Албанското прашање, исто така, треба да се смести во најшироката регионалан перспектива“, вели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.