Анализа: Жестока борба околу европската политика кон Русија и заострувањето на санкциите

Париз тврди дека Лондон е лицемерен кога бара воведување на ембарго на извоз на оружје за Москва. Германските фирми веќе бележат штета од санкциите.

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија вчера сепак не ја усвоија проширената листа на санкции за Русија, иако земјите како Велика Британија, Полска и балтичките земји инсистирале да бидат заострени казнените мерки за Москва заради рушењето на Малезискиот авион со 298 патници и членови на посадата на истокот на Украина. После расправата , министрите и препуштиле на Европската комисија да изработи предлог на нови мери, а тие ќе се состанат повторно утре, најавувајќи ја можноста на први август да биде одржан вонреден самит на лидерите на ЕУ, чија единствена тема на разгледување ќе биде новиот притисок на Русија заради украинската криза.

Со оглед на тоа дека најголем дел од жртвите имаат државјанство на ЕУ, европската јавност но и американските дипломати почнаа да вршат притисок врз европската „дваесетморка“ дополнително да ги заострат санкциите против Русија за да биде репена украинската криза. Безмалку сите шефови на дипломатии на ЕУ, вчера јавно се заложиле за понатамошно зголемување на притисокот врз Русија, но е направена очигледна разлика во тоа што еден блок земји (Велика Британија, Шведска, Полска и балтичките земји) смeта дека тоа треба да се направи со остри економски санкции, додека другиот блок (Германија, Франција, Австрија) се залага за политички притисок врз Москва.

Линијата на поделба на ЕУ вчера се повлекла околу предлогот да се воведе европско ембарго за извоз на оружје во Русија. Иако Русија не е голем купувач на наоружување произведено во ЕУ, несогласувањата настанаа бидејќи Франција не сака да се откаже од одамна договорената продажба на два носачи на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, за што веќе добила 1,2 милијарди евра.

Францускиот претседател Франсоа Оланд завчера отворено рекол дека првиот носач наскоро ќе биде завршен и испорачан на Русија во октомври, додека другиот носач ќе биде испорачан наредната година. Од оваа работа зависат илјада работни места во наменската индустрија на бродоградба на Франција, која за откажување од работата би требало да плати огромни пенали.

Некои членки на ЕУ ја обвинуваат Франција за „мистрализација“ на европската политика, па така шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билт смета дека „испораkата на оружје на Русија е позиција која тешко се брани“, додека британскиот премиер Дејвид Камерон истакнува дека таквата продажба била „незамислива“.

Меѓутоа, набрзо стигнал одговор од Париз со тврдење дека е тоа лицемерие на Лондон.

„Ова е лажна дебата која ја водат лицемери… Кога ќе видите колку (руски) олигарси наоѓаат засолниште во Лондон, Дејвид Камерон би требло прво да си го исчисти сопствениот двор“, изјавил шефот на Сoцијалистичката партија на Оланд, додека еден друг француски претставник истакнал дека британските санкции против проруските деловни интереси во лондон „биле многу поважен финансиски и економски “ удар на Москва, споменувајќи го и фудбалскиот клуб „Челзи“, чијшто сопственик е рускиот олигарх Роман Абрамович. „Доколку Камерон сака да ја казни Русија, подобро тоа би го направил кога би го санкционирал „Челзи“, а би го поддржал „Пари Сен Жермен“.

Иако во Европа се почесто се слушаат проценки дека после трагедијата на патниците на малезискиот авион веќе не важат аргументите зошто треба да се воздржува од поостри економски сакнции кон Русија, Франција и Германија се и тоа како воздржани кон таквиот потег имајќи предвид  дека се сигурни дека нивните економии ќе ја платат највисоката цена на тоа затегнување на односите.

Меѓутоа, европските компании веќе ја плаќаат цената на санкциите кон Русија, но не и оние кои ги вовела ЕУ, туку оние кои ги воведоа САД. Според проценката на Екхардф Кордеа, шефот на комитетот на германската индустрија за источноевропските економски односи, проблемот лежи во тоа што европските компании мораат да ги испочитуваат американските санкции кон Русија доколку сакаат да работат на територијата на САД, пишува германскиот весник „Шпигл“.

Шефот на надворешно економското одделение на Сојузот на индустриски и трговски комори на Германија Фолкер Трајер за „Рајнише пост“ рекол дека четвртина од извозно ориентираните германски компании трпат последици од санкциите кон Русија. Ризиците се големи бидејќи компаниите, доколку ги прекршат американските санкции, ризикуваат големи казни и неможност да работат во Америка.

Според зборовите на Штефан Фиткау, кој е на чело на московските канцеларии на баварската компанија „Игл Бургман“, оваа фирма, која е светски лидер во производството на индустриски заптивки на огромно складиште на течен природен гас на полуостровот Јамал во Сибир.

На црната листа на САД се најде и „Роснјефт“, и тоа ги погоди германските компании, бидејќи овој руски гигант ја имаше ангажирано германската градежна компанија „Билфингер“ да ги одржува неговитеобјекти, а „Сименс“ доби договор вреден 90 милиони евра за да ја снабдува оваа енергетска компанија со турбини и генератори.

„На крајот, ќе изгубат двете страни – и Русите и Европејците“, вели Франк Шауф, директор на Сојузот на европски компании во Москва.

Според студијата на „Дојче Банка“, германскиот економски раст би можел да потоне за половина процент, а германскиот извоз во Русија веќе забележал значаен пад од 13 отсто, бидејќи во првиот квартал на оваа година, во однос на истиот период лани паднал за 1,1 милијарда евра. Германскиот извоз во Русија бил околу 38 милијарди евра и посериозни санкции би можеле овој износ да го намалат за дури 10 милијарди евра. Најголема штета би забележале малите и средни германски претпријатија, кои се носачи на германскиот стопански успех.

„Во една „стопанска војна“ против Русија, би постоеле само губитници“, рекол претседатлот на Сојузот на германските средни претпријатија Марио Овен за весникот „Тегесшпигл“, истакнувајќи дека ембаргото би го погодило, пред се германските извозно ориентирани средни компании. „Најголемиот дел од околу 6300 германски фирми, ангажирани на рускиот пазар, припаѓа на малите и средни компании“.

2534043_ed1723ee

Доколку сакаат да и наштетат  на Москва така што со санкции ќе ги погодат руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, Лондон и Хаг би ножеле тоа да го направат и без сосгласност на сите 28 земји члени на ЕУ. Освен Кипар, на кој на крајот на 2012 година, се наоѓало богатсво од 151,81 милијарди долари сопственост на руски поединци и фирми, Холандија е дом за 64,63 милијарди долари кои таму ги чуваат Русите. На Британските девствени острови (кои се офшор зона) 46,65 милијарди, а во Влика Британија 9,96 милијарди долари руски имот. Според тоа на Хаг и Лондон не ми е потребна поддршка од Берлин и Париз да ја казни Москва, но тоа сигурно би влијаело руските енергетски гиганти и компании на олигарсите да повлечат десетини милијарди долари од нивните сметки.