вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 52

АНАЛИЗА: Зошто терористичкиот напад во Санкт Петербург нема да ги зближи Русија и САД

Санкт Петербург

Поврзани вести

Вашингтон и Москва имат заеднички неријател, но тие ќе продолжат да се борат против него одделно.

Терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург, во кој беа убиени 11 лица, е трагедија и соодветни пораки со сочуство пристигнаа од западните престолнини. Претседателот на САД, Доналд Трамп, терористичкиот напад го нарече „нешто ужасно“ и му се обрати на својот руски колега Владимир Путин, со предлог за помош. На сличен начин реагираше и постојаниот претставник на САД во Обединетите нации, Ники Хали, кој рече дека Москва и Вашингтон треба да застанат заедно против екстремистичките групи, пишува „Нејшнал Интерест“, пренесува НетПрес.

Но, и покрај тоа, нападот иако изгледа дека го потврдува тврдењето на Доналд Трамп, дека Русија, САД и европските држави се соочуваат со посебни закани од групи како „Исламска држава“ и нејзини имитатори, сепак нема да доведе до значителни промени во политиката и нема да има било какво подобрување во односите меѓу Русија и САД.

Продолжува да има навистина многу недоверба меѓу политичарите и безбедносните служби на двете држави. Искажаните зборови на Ники Хали, на само еден ден пред нападот, најдобро ја карактеризираат позицијата на САД: работата заедно со Русија против „Исламска држава“ не е исклучена, но „нема љубов или што и да се случува со неа во моментов“ и САД ќе продолжат да ја држат земјата „одговорна“ за дејствијата во Сирија, за односите со Иран и за тоа како ја спроведува својата внатрешна политика. Нешто повеќе – зборовите на Хали дека меѓународниот мир и безбедност се загрозени од земји, кои ги нарушуваат човековите права, предизвикуваат раздразливост на Москва.

Западната подготовеност да се засили и продлабочи антитерористичкото партнерство со Кремљ ќе зависи од тоа какви мерки ќе преземе Москва во идните денови. Во минатото, најмногу по ужасниот напад во училиштето во Беслан во 2004 година, руските власти објавуваа посилни мерки за безбедност и/или менуваа елементи во политичкиот систем. Тој инцидент, кој се случи по серија масовни протести против корупцијата во власта низ територијата на целата земја, гарантира дека западните политичари, како и членовите на руската опозиција, ќе прифатат нови ограничувања на јавните собири и поголемо набљудување, не како вистински антитерористички мерки, туку како обид за понатамошно разбивање на демонстрации.

Додека истрагата продолжува, вниманието ќе се фокусира на три акцентирани, но неповрзани групи приведени: руски граѓани, кои патувале до Ирак и Сирија, за да се приклучат на „Исламска држава“ по 2014 година, но моментно се враќаат откако „калифатот“ ослабна, потоа жителите на севернокавкаските републики во Русија, кои се „домашно-одгледани“ радикали, и на крајот централноазиските мигранти, радикализирани во Авганистан или од „Исламска држава“, или од локални организации. Состојбата се усложнува поради тенденцијата групи како „Исламска джрава“ или „Ал Каеда“ да преземат одговорност за напади на „заколнати кон нив терористи“, дури и самите организации воопшто и да не учествувале во нивното планирање и извршување.

Откако руското вмешување во Сирија почна, пред околу 18 месеци, терористите се заколнаа на одмазди на руска земја за дејствијата на Путин.

Санкт Петербург – родниот град на рускиот претседател, каде тој требаше истиот ден да има средба со својот белоруски колега Александар Лукашенко, е примамлива цел. Дури и нападот да бил извршен од еден „домашно одгледан“ радикал, тоа може лесно да биде протолкувано како исполнување на заканата. Но, тоа неможе да биде доволно како основа за заживување на врските меѓу САД и Русија во борбата против тероризмот.

Реалноста е ваква: и покрај тоа што одделни напади, во кои страдаат цивили, се осудуваат гласно, има идеи кои пропагираат дека дејствијата на руските власти го создале проблемот. Поддршката за сирискиот претседател Башар Асад, начинот на кој се спроведува воената мисија во Сирија, политиката во Северен Кавказ и поддршката за автократите во Централна Азија ја прават Русија цел на терористички дејности.

Како што видовме, по нападите во Њујорк на 11 септември 2001 година, имаше немир при поканата на Русија во „војната против тероризмот“, поради стравувањата дека тоа ќе биде прифатено од неа како сигнал за прифаќање и одобрување од Вашинготн на дејствијата на Москва, и особено на начинот на кој Кремљ се справува со бунтовниците во Северен Кавказ.

Да, навистина, Русија и САД се во судир со заеднички, ист, непријател, но засега тие ќе продолжат да се борат против него одвоено.

Најчитани вести