АНАЛИЗА: Зошто Трамп треба да ги подобри односите со Русија?

За време на предизборната кампања во САД, изразените симпатии на Доналд Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин ги изненади елитите во Вашингтон. Тоа произведе дузина шпекулации: според некои Путин или го врбувал Трамп како агент на Руската Федерација, или Трамп со своето однесување едноставно се покажа како корисен за Русите, пишува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Но, по 100 денови откако Трамп е претседател на САД, сето ова изгледа дека е многу далеку од вистината. Откако САД одговорија на нападот со хемиско оружје во Сирија, меѓу Вашингтон и Москва се разгори вербална војна.

Вашингтон ја обвинува Русија за хемискиот напад, додека Москва ги обвинува САД за нарушување на меѓународното право и затоа ја стопираше руско-американската спогодба за координирање на воздушните напади во Сирија. Трамп сега коментира дека односите меѓу двете земји „можеби се на највисоко ниво од било кога“, додека Путин потенцира дека односите меѓу нив се влошени, откако Трамп дошол на власт.

Какви и да постојат различности меѓу САД и Русија, едни подобрени односи со Москва се добри за Вашингтон, а причините за тоа се следните:

Со 14.000 нуклеарни оружја, кои ги поседуваат, Русија и САД можат да се уништат взаемно многупати. И двете земји постојано ги модефнизираат своети нуклеарни потенцијали за да ги направат посмртоносни, а ризикот од избувнување на случајна нуклеарна војна се’ повеќе се зголемува.

Но, ако се почне од коментарот на Трамп „нека има натпревар во вооружување“ и се стигне до очигледното стопирање на договорот за ограничување на нуклеарните боеви глави, изгледа дека американскиот претседател ја игнорира опасноста. Ако Трамп навистина верува во политиката: „САД на прво место“, тој треба да се фокусира на намалувањето на ризикот од нуклеарна војна со Русија, нешто што може да се случи само ако Вашингтон разговара со Москва.

САД и Русија сакаат да се борат со глобалниот тероризам. Како што покажаа неодамнешните напади во метрото во Санкт Петербург и во ноќниот клуб во Истанбул, се’ повеќе лица од руското говорно подрачје од поранешниот Советски сојуз се радикализраат. Се претпоставува дека меѓу пет и седум илјади такви лица војуваат…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.