АНАЛИЗА: Зошто Трамп треба да ги подобри односите со Русија?

Се претпоставува дека меѓу пет и седум илјади такви лица војуваат во редовите на терористичката група „Исламска држава“. Исто така, САД имаат потреба од Русија, за да успеат во слични напори да разрешат или да ограничат разни регионални кризи.

На пример во Сирија, Москва одржува блиски односи со претседателот Башар Асад. Тоа значи дека не е возможно стопирање на граѓанската војна во оваа земја без вмешување на Русија, особено ако администрацијата на Трамп сака да го собори од власт Асад. Русија ги продлабочува своите економски врски со Пјонгјанг, и како еден од петте посотјани членови на Советото за безбедност во Обединетите нации, може или да помогне, или да ги сопре напорите на САД за примена на економски и политички притисок на Северна Кореја. За жал на САД, Москва речеиси и го блокираше американскиот проект во Советот за безбедност, кој ги осуди последните нуклеарни истражувања на Северна Кореја. На тој начин Русија уште еднаш покажа дека може да влијае на националните американски интереси.

Вашингтон и Москва, исто така, споделуваат заеднички интереси, во намалување на ризикот од воена конфронтација меѓу НАТО и Русија во Еворпа. Но, повеќето од каналите за комуникација меѓу САД и Русија се блокирани по анексирањето на Крим.

Освен тоа, ситуацијата за САД ќе се влоши, ако Русија и Кина се обединат против Вашингтон. За време на Студената војна, тогашниот државен секретар Хенри Кисинџер, ја следеше т.н. „триаголна дипломатија“, при што Вашингтн настојуваше да развие подобри односи со Пекинг и со Москва, отколку двете комунистички држави меѓу себе. Моментниот пад во односите на САД со Русија може да ја сврти Москва кон Кина. Пекинг, пак, настојува да стане водечки гоеполитички соперник на САД во изминативе години, па Вашингтон треба да се обиде да го избегне тоа сценарио – нешто за кое може многу да помогнат едни подобрени руско-американски односи.

Истрагата за вмешувањето на Кремљ во американските претседателски избори, која е во тек, му пречи на Трамп да постигне подобри односи со Москва. Дури американскиот претседател и да успее да ги надмине тие пречки, во Вашингтон, сепак, нема гаранција дека тој може да постигне согласност со Путин за клучни прашања. Од противракетниот штит, до Сирија и Украина, можеби позициите на двете земји се цврсти и спротивни.