вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

Анализата на црната кутија, доколку е неоштетена, ќе се врши во Египет

An EgyptAir plane is seen on the runway at Cairo Airport, Egypt in this September 5, 2013 file photo. REUTERS/Mohamed Abd El Ghany/File Photo

An EgyptAir plane is seen on the runway at Cairo Airport, Egypt in this September 5, 2013 file photo. REUTERS/Mohamed Abd El Ghany/File Photo

Последни вести

Содржината на црната кутија на авионот на „Иџиптер“, кој се урна пред пет дена во Средоземното Море, ќе биде анализирана во Египет, доколку биде пронајдена без оштетувања, изјави иследникот за авионската несреќа Хани Галал.

– Доколку црната кутија е оштетена таа ќе биде испратена во странство на анализа, додаде Галал за египетската приватната ТВ станица Си-Би-Си.

Истовремено шефот на египетската контрола на воздушниот сообраќај Ехаб Мохиелдин изјави дека египетските власти го следеле авионот една минута, пред да се урне, но не можеле да воспостават комуникација со екипажот.

Тој додаде дека египетските власти не воочиле дека авионот наеднаш скршнал од рутата, како што тврдеа грчките власти.

Авионот на 19 мај се урна во Средоземното Море со 66 патници и членови на екипажот.

Најчитани вести