Анализи

АНАЛИЗА: Балкански сојуз – проект за нова Југославија во границите на ЕУ

АНАЛИЗА: Балкански сојуз – проект за нова Југославија во границите на ЕУ
© AFP 2017 / Andrej Isakovic

Шесте балкански земји, кои сметаат на приклучување кон Европската унија, но уште немаат добиено согласност од Брисел, го започнуваат процесот на интеграција којашто може да заживее еден влијателен регионален блок. Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и непризнаеното Косово го разгледуваат проектот за царинска и погранична унија.

Призракот на новата Југославија

Економската интеграција на Балканот претставува неочекуван пресврт по војните од 1990-те години во кои загинаа над 130 илјади луѓе. Оружениот конфликт ја разурна градбата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија оставајќи на нејзиното место земји коишто тешко градат меѓусебни односи. Покрај пролонгираниот конфликт меѓу Србија и Косово, тешкотиите не ги одминуваат во односите со Косово и со Република Српска, којашто влегува во составот на Босна и Херцеговина. Резултатот е премногу сложениот режим на издавање визи меѓу страните.

И покрај промените во политичките односни, економските врски воспоставени во југословенското време, се зачувани. „Многу српски фирми имаат малопродажни мрежи низ цела поранешна Југославија. Исто така, постои и економска кохезија, што беше јадрото на поранешна Југославија“, вели Карлос де Корду, претседател на српскиот огранок на банката „ Crédit Agricole“.

Земјите од регионот ги поврзува и јазичниот фактор. Иако по 1990-те српскиот, хрватскиот, бошњачкиот па и црногорскиот се сметаат за различни јазици, сепак тоа воопшто не предизвикува тешкотии за меѓусебното разбирање меѓу оние коишто ги говорат.

Насочувањето на земјите од поранешна Југославија едни кон други го поттикнува и разочарувањето од Европската унија, којашто не ги отвори своите порти за повеќето од нив. Според оцената на парискиот дневен весник Le Monde, за да се достигне просекот на ЕУ до 2030 година, на балканските земји ќе им биде неопходен економски раст од 6 отсто годишно. Оваа задача не е од составот на оние кои се изводливи, а тоа значи дека земјите од поранешна Југославија може да останат на подолг период заклучени во „чекалницата“ на Унијата.

Лојалноста кон ЕУ не е гарантирана

Иритираноста, којашто се таложи на Балканот поради неподготвеноста на европските елити да им излезат в пресрет на пост-југословенските држави, избива одвреме-навреме. Своите позициите во врска со ќорсокакот во односите без никакво заобиколување неодамна ги изрази црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ: „Ние не треба да сметаме дека членството во ЕУ ние гарантирано, но и ниту Европејците не треба да сметаат дека е гарантирана напата приврзаност на ЕУ“.

Уште повеќе евроскептици има во Србија, каде што сѐ уште не забораваат дека нивната земја во 1999 година беше бомбардирана од авијациите на земјите членки на НАТО. Покрај сите вакви проблеми со кои се среќаваат српските европски амбиции, во Белград на сите им е добро познато дека влезот во ЕУ го и ќе го попречува Хрватска, којашто веќе е членка на блокот, и надминувањето на нејзиниот отпор нема да биде лесно.

Влијателните членки во ЕУ, исто така, не брзаат да ги видат во членството на Унијата земјите кои се оптоварени со внатрешните проблеми. Германија и Франција продолжуваат да гледаат на регионот како на извор на проблеми, меѓу кои растечките исламистички расположенија и неконтролираните миграциски текови, како транзитните така и од локално потекло. Особено ова се однесува на Албанија, зашто според европските показатели имигрантите од оваа земја го сочинувале првиот бран исламски бегалци во Европа кон крајот од 1990-те и 2000-те години. Имено, Албанци биле првите кои ја подигнале шаторски камп во Па-де-Кале, поморската граница меѓу Франција и Велика Британија, којашто прерасна во гигантска импровизирана населба наречена „Џунгла“ со над 12.000 жители од северна Африка и Блискиот исток, и која дури на преодот меѓу ланската и оваа година беше растурена.

Во Берлин и во Париз претпочитаат да го сторат тоа со тоа што земјите од поранешна Југославија ќе се развиваат економски, поддржувајќи се меѓу себе, а прашањето за нивното приклучување кон Европската унија би било одложено на неизвесна иднина. Можеби токму така треба да се сфати изјавата на шефот на германското министерство за надворешни работи Зигмар Габриел од мај 2017 година кога го предложи проектот „заеднички пазар на Балканот“. Во јули годинава идејата на Берлин се разгледуваше на меѓународниот во Трст, на којшто присуствуваа шест земји членки на ЕУ и шесте балкански земји, кои на еден или друг начин претендираат за влез во составот на Унијата. Германија притоа вети умерени инвестиции во локалните економии, истовремено повикувајќи ги поранешните југословенски земји на меѓусебна соработка.

Кина си отвора пат на Балканот

Еден од мотивите на Германија за инвестирање во регионот на таканаречениот Западен Балкан, е засилената деловна активност на Пеконг кој го цели Балканскиот полуостров во рамките на реализацијата на својот проект „Големиот пат на свилата“, започнат во 2014 година.

Во текот на следните неколку години Кина успеа да се стекне со сопственоста на неколку клучни регионални компании, меѓу кои е единствениот во Србија производител на челик.

Кинеските инвестиции во земјите од составот на Европската унија предизвикува зголемена загриженост, а дампиншките цени на челикот, пак, предизвика гневни реакции во ЕУ. Доколку Кина се зацврсти на Балканот, Германија и Франција ќе мора на некој начин да одговорат на овој предизвик.