АНАЛИЗА: Русија и Америка – Лекција по асиметрија

Анализа и прогноза на Stratfor

  • Растечката тензија меѓу Вашингтон и Москва ќе ја натера Русија да спроведува политика на асиметрични реакции против дејствијата на САД
  • Опширните и индиректните реакции можно е да бидат насочени против сојузниците на САД
  • Една од потенцијалните цели на Москва е Украина, која е подложна на неколку потенцијални дејствија на Русија, на пример дриектна анексија на територии, преку предлогот Малорусија, кој е поддржан од Кремљ.

Тензиите меѓу САД и Русија повторно се зголемија. И покрај виорот од дипломатска активност меѓу Москва и Вашингтон во последниве недели – вклучително и средбата очи в очи меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговиот руски колега Владимир Путин, одржана на 7 јули, годинава – двете земји не постигнаа никаков значителен напредок во изнаоѓање на решение за некое од многуте спорни прашања.

На пример, средбата меѓу руски и американски претставници, одржана на 17 јули, годинава, не успеа да донесе решение во спорот, кој настана околу одземање на имоти на руската амбасада во САД. Потоа, на 25 јули, годинава, Специјалниот претставник на САД за Украина, Курт Волкер, изјави дека Вашингтон размислува дали на Киев да му достави летално (смртоносно) оружје. Два дена подоцна, американскиот Конгрес го зголеми притисокот. Изгласа закон за проширување на санкциите против Русија, и истовремено му го блокираше патот на Трамп за нивно евентуално отфрлање.

Прогрес во надминување на разликите меѓу САД и Русија нема, а со тоа стратешкиот јаз меѓу нив се проширува од ден на ден.

Со зголемувањето на тензијата и притисокот врз Москва, а при тоа не правејќи никакви компромиси од своја страна, Вашингтон предизвика излив на агресивна реторика од страна на Кремљ.

Денот кога беше прифатен Законот за новите санкции против Русија, Константин Косачев, претседател на комисијата за меѓународни односи при Советот на Руската Федерација, изјави дека „идната деградација на двостраните односи станува незибежна“. Понатака тој потенцира дека реакцијата против дејствијата на САД „нема да биде симетрична, туку болна за Американците“.

Изјавата на Косачев, да се пристапи кон несиметричен одговор, предвидува дека Кремљ нема да одговори на санкциите со санкции, ниту пак ќе сопре на одлуката за прогон на дел од американските дипломати во Москва, и одземање на два објекти кои и’ припаѓаат на амбасадата на САД. Тоа не изгледа изненадувачки, бидејќи Русија има далеку помало влијание врз економијата на САД, отколку Вашигнтон врз економијата на Москва.

Рестрикциите врз американските компании или дипломати ќе имаат минимален ефект врз политиката на САД. Уште повеќе што новите американски санкции го попречуваат учеството на американски компании и лица во развојот на енергетскиот сектор на Русија и дополнителни дејствија во оваа насока само ќе нанесат повеќе штета на економијата на земјата.

Стратегија на асиметрија

Асиметричните одговори, за кои се користат најсилните страни на Русија, одамна се важен елемент во спротиставување на земјата на Западот. Во 2008 година на пример, две случувања го предизвикаа гневот на Русија – признавањето на независноста на Косово од страна на Западот и стимулирањето на стремежите на Украина и на Грузија за присоединувањето кон НАТО.

Тогаш руската армија…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.