АНАЛИЗА: Русија – НАТО, титански воени игри

Русија и НАТО спроведуваат се’ пообемни воени вежби, за да се подготват за можен меѓусебен воен конфликт, но воените игри сами по себе го прават судирот многу поверојатен, предупредува извештај на Европската лидерска мрежа (ЕЛН), пишува лондонски „Гардијан“, пренесува Нетпрес.

Извештајот на ЕЛН ги повикува двете страни кон повеќе комуникација, за подобрување на транспарентноста на нивната воена активност.

Исто така, ги охрабрува да го намалат размерот на своите воени игри, и да почнат да работат на нов договор за ограничување на видовите на оружја долж нивните граници.

– Секоја воена вежба е разгледувана како провокација од другата страна, и ја потхранува динамиката на недоверба и непредвидливост. Сите се фокусират на вредноста на заплашување со големите воени вежби, но тоа има и друга страна и токму тој е факторот на ризик. Политичарите треба да покажат политичка зрелост и воздржаност, во однос на вистинското време за намалување на спиралните последици од воените вежби, смета Јан Кајнс, директор на ЕЛН.

Извештајот на ЕЛН со наслов „Подготовка за најлошото: Ја прават ли воените вежби на Русија и на НАТО војната во Европа поверојатна?“ ги анализира руската „вонредна вежба“ во март, годинава, со 80.000 војници и „Обединет штит“ на НАТО во јуни, годинава, со учество на 15.000 војници од 22 држави.

– И двете вежби покажуваат дека секоја од странита тренира спрема способностите на другата и најверојатно мислејќи на војна. Додека портпаролите се држат строго кон позицијата дека воените вежби се насочени против замислени противници, дејствијата и размерот, пак, покажуваат друго: Русија се подготвува за конфликт со НАТО – НАТО се подготвува за конфликт со Русија, наведено е во извештајот.

rusija nato voena vezba voeni igri sad evropa vojna
Русија и НАТО интензивираат големи воени вежби

Руската воена вежба во март почна на далечниот север и се распострани низ територијата на целата федерација, симулирајќи брзорастечки конфликт.

Војските на Русија беа распоредени во Кола, на островите во Арктикот, во Калининград, на Крим и на островот Сахалин.

Учествуваа огромен број на елитни единици, 12.000 војници со тешко вооружување, 65 борбени бродови, 15 подводници и 220 воени авиони.

rusija nato voeni vezbi voeni igri evropa vojna
НАТО и Русија интензивираат големи воени вежби

Од друга страна, вежбата на НАТО во јуни, вклучуваше воено-поморски дејствија во Балтикот, фокусирани на операции со амфибии во Шведска и Полска:

воена вежба на конвенционални војски на НАТО во Полска и балтичките држави, вклучително и судири со воени авиони и танкови, како и првично распоредување на обединетите сили, формирани специјално да одговорат на опасност во балтичките земји од руска инвазија и користење на нередовни воени единици, слично на ситацијата во Крим и во источна Украина.

Секоја од вежбите доведе до блиски воени средби, бидејќи секоја од страните се приближи до воените игри на другата за оценка на способноста и вооружувањето.

Извештајот на Европската лидерска мрежа посочува на руската практика да не се даваат предупредувања за започнати воени вежби, која го дополнува ризикот од несакани судири и која придоенсува за взаемното ниво на напнатост.

– Од витално значење е да со зголеми комуникацијата Русија – НАТО, со оглед на спроведените воени вежби. Двете страни треба да ја користат Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за размена на информации пред одржување на воените вежби., препорачува извештајот.

Понатака ЕЛН, препорачува да добро да се проценат расходите и ползата од интензивните воени вежби во пограничните реони, и да се покаже воздржаност во однос на нивниот обем. И на крајот, Европската лидерска мрежа, која обединува поранешни министри за одбрана и поранешни високи државни функционери од Европа и од Русија, повикува да се работи на отпочнување на „нов договор за реципроцитетни територијални ограничувања и располагање со определени категории оружја, пропратени со јасни проверки“.