(АНАЛЗА) Пред банкрот се 11 земји во светот

Во светот има 11 земји кои се на раб на државен банкрот, објави американскиот сајт МСН, повикувајќи се на нивните кредитни способности кои ги направи агенцијата „Мудиз инвесторс сервисиз“. Сите се со проценка на степен Цаа. Нивната ситуација во некои случаи ја влошува и негативниот изглед на економијата, финансиите и внатрешнополитичката ситуација.Најризични во групата се земјите со рејтинг Цаа3 како Украина, Јамајка, Грција и Кипар.

Само за еден степен подобра е ситуацијата на Куба со рејтинг Цаа2. Ист степен има и Белизе, мала тропска држава во Централна Америка. Аргентна, Венецуела, Пакистан, Египет и Еквадор имаат бонитет Цаа1.Негативен изглед на кредитна способност имаат Украина, Венецуела и Египет.

Ситуацијата најверојатно нема да се подобри, ниту ќе се влоши во Екватор, Пакистан, Аргентина, Белизе, на Куба и во Грција.

Од земјите кои се на раб на банкрот, објективно во најдобра ситуација се Грција и Кипар , членки на евро зоната. И двете земји се потпираат на силни кредитни извори на Европската унија и благодарејќи на тоа добиваат кредити од ММФ за преместување на проблемите.

Бонитетот на Египет и Украина го влошија внатрешно-политичките конфликти и падот на економијата во текот на немирите. Во случајот со Венецуела и Куба се работи за меѓународна изолација и неконкурентност на економскиот систем.

ММФ во извештајот за проценка на латино-американските земји наведе дека економскиот раст во последните години достигна релативно здраво темпо.