АНАЛИЗА: Исклучувањето на Унгарија од ЕУ – празни зборови на гневот

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика Унгарија да биде исклучена од Европската унија, поради нејзиното нетолерантно однесување кон бегалците.

Според него, позициите на властите на официјална Будимпешта им нанесуваат непоправлива штета на темелните вредности Европската унија.

„Не можам да се примирам со тоа дека темелните вредности на ЕУ се уриваат масовно. Земјите, кои како Унгарија градат огради против бегалците, ја ограничуваат слободата на медиумите и независноста судската власт. Таквите држави треба веднаш времено или целосно да бидат исклучени од ЕУ“, вели Аселборн.

Тој исто така одбележува дека политиката на Унгарија во однос на мигрантите е опасна, и според него земјата е на мал чекор од тоа да „започне да пука во бегалците“.

Дали навистина зборовите на министерот за надворешни работи на Луксембург ќе доведат до какви и да е мерки против Унгарија?

Или тоа е една лична гледна точка, која нема ништо заедничко со официјалните позиции на ЕУ, пишува весникот „Росискаја Газета“, пренесува Нетпрес.

Свое мислење во однос на ова прашање дава научниот соработник на Руската Академија на науките и експерт за Унгарија, Александар Стикалин.

„Тоа не е само негово лично мислење, туку и на оние политички кругови, кои се на чело во оваа земја. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, демонстрира цврст став во однос на позициите во врска со бегалскиот проблем. Земјата е зафатена од голем бран на бегалци, а тоа е еден голем и сериозен предизвик. Орбан може да се разбере, но неговите методи на борба со миграцијата се противречни“, смета Стикалин.

„За Унгарците, градењето ѕидови на источната и на јужната граница на земјата е нож со две сечива. Околу 2,5 милиони етнички Унгарци живеат во соседните држави. Па така, излегува дека Будимпешта се оградува и од тие Унгарци, кои живеат во соседството. Истовремено, пак, Орбан дојде на власт во земјата експлоатирајќи го прашањето за неопходноста Унгарците кои не живеат во матичната земја да бидат силно поддржувани, вели рускиот експерт.

Што се однесува, пак, до опцијата земјата да излезе од ЕУ, Стикалин потенцира дека „Унгарија моментно е имплементирана во многу програми на Унијата и нема начин како да излезе од тие структури веднаш“. Според него, тоа ќе доведе до непоправливи економски загуби и за двете страни.

Тој смета дека моментно Унгарија се наоѓа меѓу чеканот и наковалната.

Во земјата има…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.