Балкан

Анархисти нападнале полиција во Атина

Анархисти нападнале полиција во Атина
Анархисти нападнале полиција во Атина

Грчката полиција соопшти дека група анархисти синоќа ја нападнале полицијата со молотови коктели пред полициската станица во центарот на Атина, по што дошло до судири со нив, при што еден полицаец е повреден.

Во нападот на полицијата во Атина учестувале околу 150 лица, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека врз полицајците пред станицата фрлени се околу 20 молотови коктели, кои на тоа возвратиле, испалувајќи шок-бомби и солзавец.

Приведени се седум лица под сомневање дека учествувале во нападот врз полицијата, а во нередите е оштетно едно возило паркирано во близина на полициската станица.