Спорт

Анастасија Богдановски успеа да постави нов државен рекорд на 100 метри слободно

Анастасија Богдановски успеа да постави нов државен рекорд на 100 метри слободно
Анастасија Богдановски постави нов државен рекорд на 100 метри слободно

Македонската пливачка Анастасија Богдановски успеа да постави нов државен рекорд на 100 метри слободно, со време од 56,12 секунди.

Со овој резултат Богдановски обезбеди Б-олимписка норма во оваа дисциплина, а го освои 35-то место од вкупно 90 натпреварувачки кои се појавија на Светското првенство во спортови на вода во Казан, Русија.

Ова ново постигнување на нашата најдобра пливачка е за 38 стотинки подобро од досегашниот државен рекорд, а е за 22 стотинки подобро од бараната квота за Б-олимписка норма за настап на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро.

Претходно Анастасија Богдановски постави нов државен рекорд со исполнета Б-олимписка норма и во трката на 200 метри слободно.

Во последниот настап на македонските претставници на СП во Казан, в недела Марко Блажевски ќе плива во трката на 400 метри мешано.