Анастасија Илиеска е новиот директор на УЈП

Анастасија Илиеска е новиот директор на Управата за јавни работи (УЈП). Таа на оваа функција доаѓа од позицијата  државен секретарка во МВР.  Владата ја назначила Илиеска, на местото на Петар Есмеров кој минатата недела беше назначен за В.Д директор на УЈП, по заминувањето на  Кирил Миноски на функцијата министер за финансии.

Од Владата информираат дека Петар Есмеров ќе продолжи да ја извршува директорската функција во подрачната единица на Управата за јавни приходи – Скопје, која што беше и пред да биде назначен на В.Д. на УЈП.

Новата директорка на УЈП, Илиеска дипломирала на Универзитет  „Св.Климент Охридски” Битола на Економски факултет во Прилеп. Од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП, а во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.