Анчелоти со Дибала во Баерн Минхен

Анчелоти со Дибала во Баерн Минхен
Анчелоти со Дибала во Баерн Минхен
Искусниот Карло Анчелоти ги подготви желбите за фудбалери на Баерн Минхен за следната натпреварувачка кампања со клубот.

Меѓу омилените на Италијанецот за во Германија е фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала.

Како што пренесува „газета дело спорт“ одличните изданија на Аргентинецот во дресот на Старата дама се причината да го привлече интересот на шампионот на Германија.

Баерн Минхен настапува со двајца фудбалери од Јувентус, Видал и Коман, Дибала привлече внимание на Барселона и на Реал Мадрид.

Дибала во Торино досега постигна 14 погодоци и моментно е втор стрелец на Серие А зад Гонзало Игуаин од Наполи.