Анчелоти на лето доаѓа во Баерн Минхен ?!

Анчелоти е следниот предводник на Баерн Минхен ?!

Според овој портал, претставници на Баерн не само што се сретнале со Анчелоти, туку постигнале согласност за потпишување двегодишен договор кој би почнал од летото 2016 година.

Тоа би била нова можност за италијанскиот стручњак да дојде до четвртата титулата во Лигата на шампионите, а на својата колекција да додаде трофеј и од Бундеслигата, откако претходно освои од Италија, Англија и Франција.

Желбата на Баерн да обезбеди квалитетен стручњак за тренерската позиција во тимот доаѓа од најавите дека Гвардиола веќе се договорил со Манчестер Сити и ќе го преземе премиерлигашот претстојното лето. На таа страна оди и неговото одбивање да го продолжи договорот со Баерн откако претходните две сезони ја освојуваше титулата во Бундеслигата, а на пат е да ја освои и третата по перфектниот старт.

Засега, нема официјална потврда на договорот ниту од Баерн, ниту од Анчелоти, но јасно е дека германскиот првак во следниот период ќе изврши притисок врз Гвардиола да ги објави плановите за својата иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.