Анчелоти: Имаме уникатна шанса во Лисабон

Предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти, пред почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампиони изјави дека неговите фудбалери имаат уникатна шанса да бидат дел од клупската историја на Реал (М).

“Ова е уникатна шанса, ова е шанса да ја напишиме најважната страница во клубската историја. Не сме опседнати со победничкиот пехар, но истиот додатно не мотивира. Мојот тим одигра фантастично во годинашното издание (Л). Ќе дадеме се од себе, ќе ја потрошиме акумулираната енергија, се со цел да славиме во финалниот натпревар. Нема никакви тајни кога се во прашање овие два тима. Одлично се познаваме, а во финалните натпревари не постои фаворитската улога. Знаеме дека играме против многу незгоден противник, кој функционира како една целина во поголемиот дел од натпреварот. Ќе ни биде многу тешко, мора и ние да функционираме како една целина, а нормално дека ни е потребна и подршката од најверните фанови. Тие беа со нас и во финалниот натпревар од Купот на Шпанија и во полуфиналната пресметка против  Баерн (М), изјави предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти.