Спорт

Анчелоти: Кога Роналдо го започнува мечот, чувството е како дa во водиме со 1:0

Анчелоти: Кога Роналдо го започнува мечот, чувството е како дa во водиме со 1:0

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има само пофални зборови за најдобриот фудбалер на кралскиот клуб Кристијано Роналдо.

Португалецот во досегашниот тек на сезоната постигна 15 голови на 10 меча во сите натпревари, па не ни чудно што италијанскиот стручњак не ни помислува да ризикува и малку да ја одмори првата ѕвезда на бланкоси.

„Треба да бидете храбри за да го ротирате Роналдо. Статистиката вели дека кога и да игра постигнува гол така што имам чувство дека сме во водство со 1:0 само што почнe натпреварот. Кристијано е играч кој брзо се опоравува од повредите и е голем професионалец“, вели Анчелоти.

„Тешко е да се каже кој е најдобар играч на сите времиња бидејќи многу работи се менуваат“, додава италијанскиот фудбалски стручњак од клупата на Реал Мадрид.

„Во моментов Роналдо е најдобар во светот. Не можете да го споредите со Марадона или Пеле“, заклучи Анчелоти за шпанските медиуми.