Анчелоти: Му открив на Сидорф како се победува Атлетико (М)

Предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти откри дека пред неколку дена разговарал со новиот тренер на Милан, Кларенс Сидорф и за време на телефонскиот разговор му открил што треба да направи за да неговиот тим забележи позитивен резултат во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампионио каде за противник го има одличниот тим на Атлетико (М).

“Сидорф ми е колега, но пред се, Сидорф ми е голем пријател. Не станува збор за некаква тајна, сите се свесни дека ми побара помош околу натпреварот против Атлетико (М). Сидорф е роден за тренерската функција, може да се носи со големиот притисок, а има и одлични идеи. Атлетико (М) игра како што играше нвниот тренер. Симеоне беше голем фудбалер, интелегентен, секогаш го даваше максимумот. Затоа Атлетико (М) има силен, компактен тим, има менталитет на борец. Милан мора да внимава на контра нападите и на прекините”, изјави трофејниот италијански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.