Анчелоти: На прво место е успехот на Реал (М)

Трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти испиша уште една страница во фудбалската историја откако го освои и третиот трофеј во најпрестижното клупско натпреварување Лигата на шампиони.

Скромен како и секогаш, предводникот на Реал (М) по натпреварот изјави дека многу поголема важност мора да добие историскиот успех на “кралскиот клуб”, отколку неговиот личен рекорд.

„Ова е нешто фантастично, го исполнивме тоа што го зацртавме на стартот од сезоната. Бевме убедени дека ќе постигнеме погодок, дека ќе го израмниме резултатот пред последниот судиски свиреж. На крајот, натпреварот заврши во наша корист. Се мачевме во поголемиот дел од натпреварот, но ја заслуживме оваа победа, овој историски. Како се чуствувам. Како луд од среќа. Го освоивме трофејот кој беше најпосакуван од фудбалерите, од клупските челници, од најверните фанови. После погодокот на Рамос бевме решени да постигнеме уште еден погодок и да не дозволиме натпреварот да биде решен со пенал-рулет. Најважно од се е дека пехарот заврши кај моите фудбалери, овој успех има поголемо значење од мојот личен успех“, изјави Анчелоти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.