Анчелоти: Направивме неколку грешки, затоа загубивме од Барса

За разлика од неговите фудбалери кои остро го нападнаа главниот арбитар, Ундиано Маленко и кај него ја лоцираа вината за непријатниот пораз од Барселона, предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти ги потцети своите фудбалери дека вината за неуспехот мора да се побара и во тоа што му дозволија на Лионел Меси да ја казни секоја грешка.

“Мене ми е тешко, не сакам да го коментирам судењето. Точно дека Меси постигна три погодоци на овој натпревар, но недозволиво е да бидат направени толку грешки. Треба да ни биде јасно дека еден таков фудбалер, со таков квалитет, експресно ја казнува секоја грешка на противничкиот тим. Има уште девет натпревари до крајот на актуелната сезона, ќе биде многу тензично, секој натпревар ќе биде пресуден во борбата за шампионската титула. Се е отворено, три тима се во игра за шампионскиот пехар. Очекувам експресна реакција од моите фудбалери. Јас и понатаму тврдам дека последното коло ќе даде одговор на шпампионското прашање. Направивме неколку мали грешки и затоа го загубивме овој натпревар. Многу е важно да славиме на следниот превенствен дуел”, изјави трофејниот италијански стручњак.