Анчелоти не верувал дека Атлетико (М) е толку добар

Предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти, додатно ја вжешти атмосферата пред неделниот дерби натпревар против градскиот ривал Атлетико (М) со изјавата дека во ниту еден момент не помислил дека “јорганџиите” можат да ја освојат шампионската титула во шпанската Примера дивизион.

“Сведоци сме на една многу интересна сезона. Три тима се во игра за шампионската титула. Станува збор за три многу квалитетни ривали, многу силни, многу храбри. Јас сум изненаден, бев убеден дека шампионот треба да се бара помеѓу Реал (М) и Барселона, но секоја чест за Атлетико (М). Изненаден сум од податокот дека Атлетико (М) има освоено 60 бода, но и дека истите не се доволни за да се биде лидер на табелата. Атлетико (М) може да игра во било која лига, имаат изградено карактеристичен стил на игра, брзи контра напади и користење на сите прекини. Атлетико (М) игра како што играше нивниот тренер Диего Симеоне, даваат се од себе и делуваат како една целина”, изјави трофејниот италијански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.