Анчелоти: Одигравме совршено во сите 90 минути

Најголема причина за задоволство поради пласманот во финалниот натпревар имаше предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти кој по натпреварот изјави дека неговиот тим има одиграно совршено на “Алианц Арена” и заслужено го има торпедирано актуелниот бранител на тронот, тимот на Баерн (М).

„Одигравме еден совршен натпревар, особено во првите 45 минути. Дефанзивците не направија ниту една грешка, а напаѓачите беа максимално ефикасни. Многу сме среќни, елиминиравме многу тежок противник, го елиминиравме Баерн (М), бранителот на тронот. Сите дадоа жртва за оваа историска победа, Роналдо, Бејл и Бензема одиграа тимски, секој на секого му помогна. Веќе се слушнав со претседателот на Реал (М), Флоренитино Перез. Ми кажа дека е многу среќен и дека сака да им честита на сите фудбалери. Малку сме тажни поради жолтиот картон кој го доби Алонсо и поради кој нема да настапи во финалниот натпревар. Немаше потреба од жолт картон. Знаеме колку ни е потребен Алонсо и колку ќе ни недостасува во финалниот натпревар”, изјави трофејниот италијански стручњак.