Анчелоти призна дека Погба е летна желба на Реал (М)

Трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти, најпосле собра храброст јавно да изјави дека најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), сака за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на Јувентус, Пол Погба.

„Погба? Многу добар фудбалер. Знам дека ќе има фантастична кариера. Пол веќе игра за голем клуб и игра на највисоко можно ниво. Станува збор за комплетен фудбалер. Дали сме заинтересирани за неговите услуги? Зошто да не бидеме заинтересирани за Погба. Реал (М) е заинтересиран за можеби најдобриот млад фудбалер на денешницата, за најдобриот млад играч за врска. Погба е рамо до рамо со Марко Верати и со Иско,“ изјави Анчелоти.