Анчелоти: Роналдо тренира вредно

Тренерот на Реал Мадрид, Анчелоти, изјави дека Роналдо бил одличен на подготовките на клубот, тренира вредно и ќе биде така и оваа натпреварувачката кампања.

Најдобриот фудбалер на светот се истакна во првата рунда од шпанското првенство, реализирајќи погодок за 2:0 славје против Кордоба.

„Роналдо тренира вредно и е подготвен за успешна сезона“, вели одлилчниот италијански фудбалски стручњак.

Сто милиони евра вредниот фудбалер реализираше 31 гол на 30 дуели во домашното првенство и ефектот му беше 51 погодок на 47 натпревари, заедно со 20 успешни додавања.

Португалецот е одличен и Анчелоти се радува што му е на располагање во редовите на мадриѓаните.

„Со настапот на Светското фудбалско првенство во Бразил им се посвети на тренинзите и ќе биде одличен“, додава Анчелоти.

Благодарение на двата погодока на фудбалскиот репрезентативец на Португалија во Суперкуп двобојот на Европа против Севиља, клубот од „Сантијаго Бернабе“ го освои престижниот наслов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.