Анчелоти се закани, Реал (М) нема право на грешка

Веднаш откако дозна дека германскиот бундеслигаш Шалке ќе биде противникот во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, предводникот на шпанскиот гигант Реал (М), Карло Анчелоти изјави дека шпанскиот гигант нема право на грешка во двата натпревара.

“Реал (М) е дел од 1/8 финалната рунда, тука нема лесен противник. Ние мора да бидеме максимално фокусирани во двата натпревара. Шалке има одличен тим и е доволно искусен. Не можам да кажам дека ова е добра или лоша ждрепка. Ќе го дадеме максимумот и во Гелезенкирхен и во Мадрид. Мора да ја искористиме секоја шанса пред противничкиот гол. Само со желба и одлучност ќе обезбедиме пласман во следното коло. Немаме право на ниту една грешка”, изјави трофејниот италијански стручњак.