Анчелоти верува во шампионска титула

Предводникот на шпанскиот гигант Реал (М), Карло Анчелоти и понатаму е убеден дека неговиот тим може да ја освои шампионската титула во шпанската Примера иако моментално има негатива од три бода во споредба со градскиот ривал Атлетико (М) и два помалку од каталонскиот гигант Барселона.

“Ова не е прв пораз од некој помал клуб. Во грешка се тие кои мислат дека Примера дивизион е лесна лига. Тука има многу незгодни противници, нема лесен натпревар. Сепак, ние мора да се фокусираме на нашата игра. Загубивме на последните два натпревара, но мора да веруваме во шампионската титула. Точно дека имаме бодовна негатива, но мора да веруваме, титулата во Примера дивизион е нешто реално, не е невозможно. Сега ситуацијата е далеку покомплицирана, поради негативата во спореба со Атлетико (М) и Барселона, но ништо не е невозможно”, изјави трофејниот италијански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.