Спорт

Анчелоти знае со кои фудбалери ќе ја нападне Барса

Анчелоти знае со кои фудбалери ќе ја нападне Барса

Предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти откри дека нема никаква дилема кога е во прашање почетниот состав за неделниот дерби натпревар против најголемиот ривал во борбата за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, каталонскиот гигант Барселона.

„Мислам дека сме во добра форма и со нетрпение го очекуваме стартот на неделниот дерби натпревар против екипата на Барселона. Знаеме дека ќе ни биде многу тешко, дека за противник имаме многу незгоден тим. Мислам дека има голем напредок во нашата игра во споредба со првиот натпревар кој го загубивме на “Ноу Камп”. Мора да дадеме се од себе, Барселона може да се победи само со совршена игра, само доколку секој фудбалер даде 100% од своите можности. Да, немам никакви дилеми кога е во прашање почетниот состав. Нема да комплицирам, се е јасно како ден. Ова е една лесна одлука,“ изјави трофејниот италијански стручњак.