Андерлехт со ефект 4 од 4 во белгиското првенство

Фудбалерите на Андерлехт ја продолжија во петокот вечерта победничката серија и во четвртото коло на белгиското првенство, во кое пред своите навивачи го совладаа Мускрон со 2:0.

Стрелци за домашните беа Адриен Требел во 38 и Ландри Димата во 63 минута, а домашните последните десет минути од мечот ги играа со играч помалку откако беше исклучен Огњен Врањеш

Овојпат, за разлика од претходните три победи, е што меѓу стрелците не се впиша повремениот хрватски репрезентативец Иван Сантини, кој во првите три кола за својот нов клуб постигна дури седум голови.

Андерлехт моментално е во водство со 12 бодови од четири натпревари и гол-разлика 13:4, додека на второто место е актуелниот шампион Клуб Бриж со 9 бодови од три кола.