Андонов: Да излезме на 5 јуни и да покажеме како се сака татковината

Ние сме мирољубив народ. Денеска покажавме дека си ја сакаме татковината и дека сакаме нејзин развој и напредок, истакна професорот Оливер Андонов, кој вечерва се обрати на масовниот народен собир пред Собранието организиран од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Да бидеме горди на оваа татковина и да не дозволиме повеќе никогаш во иднина, за нашите генерации, за сите нас и за нашите предци, Македонија да не биде монета за поткусурување како што предавниците тоа сакаат и денес да го сторат. Да излезме на 5 јуни и да покажеме како се сака татковината, додаде Андонов.