понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Андонов: Македонија е прва на удар ако Турција пушти бегалски бран

Во вчерашното Отворено студио на Телевизија Нова се разговараше за случувањата во Турција по неуспешниот обид за државен удар.

oliver-andonov-nova-640x360

Поврзани вести

Во вчерашното Отворено студио на Телевизија Нова се разговараше за случувањата во Турција по неуспешниот обид за државен удар.

Според универзитетскиот професор Оливер Андонов, на Македонија не ѝ значи многу тоа што Ердоган го прави внатре во неговата држава, но многу ќе ни значи неговата меѓународна позиција и улогата која ќе ја има кон Балканот.

Македонија нема интерес било како да реагира по однос на тоа што се случува во Турција, но има потреба да ги следи состојбите за да може да реагира на време, бидејќи ние ќе бидеме први на удар ако го пушти бегалскиот бран, изјави Андонов.

Тоа ќе значи ангажирање на армијата, ангажирање на полицијата,  дополнителни ангажмани и дополнителни прашања, додаде Андонов.

Најчитани вести