Андонов: Со оставањето на луѓето од ДИК, СДСМ остава простор за учество на изборите

Неповлекувањето на луѓето од ДИК, значи дека СДСМ остава простор за учество на изборите, смета универзитетскиот професор Оливер Андонов.

Зоран Заев и неговата навика на често менување на изјавите и ставовите во рок од часови и минути. Неповлекувањето на луѓето од ДИК пред сè значи оставање на простор за да учество избори. Тој е под внатрепартиски притисок за да се оди на избори, вели Андонов.

Според него, Македонија предолго се наоѓа во агонија благодарение на погрешната политика на опозицијата, на СДСМ, на група луѓе кои од лични причини не се подготвени да се соочат со волјата на народот.

Крајот на агонијата треба да биде на 5-ти јуни. Сериозна партија секогаш е подготвена за избори. За жал и во изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се забележува хипокризија, смета тој.