Андонов: СДСМ се противи на избори за да ја продлабочи кризата

Мирниот собир на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија во Штип заврши.

Граѓаните во огромен број излегоа да дадат поддршка за изборите кои се распишани за 5. јуни.

-Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски,  ги распиша изборите, но СДСМ продолжува да се противи, сакајќи да ја продлабочи кризата. Освен избори на 5-ти јуни, вториот дел од она што ГДОМ го побара е да се укине аболицијата на Зоран Заев. Како ГДОМ планираме утре собир на граѓаните во Прилеп, но она што ќе се случува на 5-ти јуни ќе зависи од некои амбасади кои и помагаат на СДСМ, но кои не се залагаат за интересите на опозицијата, туку лично за своите интереси, истакна еден од организаторите во изјава за ТВ Нова, Оливер Андонов од ГДОМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.