Андонов: Заев ќе ја стави цела држава во заложништво само за да се заштити

Професор Оливер Андонов во своето гостување во отвореното студио на Сител телевизија, вчера истакна дека судбината на еден човек не е врзана со судбината на државата, потенцирајќи дека за да се заштити себеси Зоран Заев цела Македонија ќе ја стави во заложништво.

-Доведување на целата држава во состојба на заложништво преку неутврдени факти да се понесе политичка одговорност е дегутантно. Не смееме да си играме со таа работа. Во неколку наврaти потенцирав дека е неопходно да имаме правна разрешница за да знаеме што е фактичката состојба од она што Заев го презентираше во јавноста. Судбината на еден човек не е врзана со судбината на државата. Тоа е многу погрешна теорија, изјави тој.

Андонов истакна дека за да се заштити себеси, Заев сите ќе не стави во заложништво и ќе ја врзе државата со неговите судбински решенија во некои клучни периоди.