Андоновска: Министерот за здравство влегува во скандали што скапо ќе ги чинат граѓаните

Министерот за здравство Арбен Таравари, за жал, влегува од скандал во скандал кој граѓаните ќе ги чини многу скапо, порача на прес конференција во вторникот пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

Андоновска посочи дека претходно Таравари на прес-конференција најави дека ќе замени 50 диектори на здравствени установи и оцени дека со тоа ќе биде доведена во прашање функционалноста и здравствената услуга на голем број здравствени установи ширум државата.

„Оваа одлука на министерот е само уште една потврда дека новата влада нема намера да го унапредува здравствениот систем, туку напротив го руши. Заради тоа ни се случуваат епидемии од најслаб облик од која имаме две човечки жртви и десетици хоспитализирани граѓани“, рече преставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновска предупреди дека ваквата масовна, како што посочи неоправдана и незаконска смена на директори на клиники е направена без вредносни критериуми и аргументи, туку само како резултат на реваншизам и намера за партизирање

„Уште посериозно предупредуваме дека овој масакар во здравството неминовно, но за жал сигурно, ќе доведе до сериозно последици по здравјето и интересите на граѓаните. Впрочем како поинаку да се толкува фактот што се менуваат професионалци и докажани кадри како што е директорот на клиниката за кардиологија Сашко Кедев“, образложи Андоновска.

Порача, исто така, дека секоја погрешна политика која сега ja преземаат министерот за здравство и владата на СДСМ ќе има последици во нередниот период и особено на штета на граѓаните.

„Овие одлуки кои ги прави денес власта се целосно дерогирање на здравствениот систем и загрозување на функционирањето на здравствените установи. Постои сериозна опасност поради непрофесионалноста, неодговорноста и негрижата на власта на СДС и министерот за здравство, ситуации со епидемијата во Симница, гостиварско да ни се повторуваат со уште поголеми жртви и штети“, предупреди Андоновска.