Андоновска: Недозволиво е институциите да молчат за скандалот со силуваната штитеничка на домот „25-ти Мај“

Негрижата и неодговорноста на институциите во случајот со силуваното девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25-ти Мај“ во Скопје е само одраз на неспособноста на Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска, изјави денес Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека еден ваков скандал воопшто не може да и го расипе викендот на министерката која без око да и трепне најавува дека после викендот ќе се решавал случајот кој ја потресе јавноста во кој било силувано и забременило девојче, а потоа истото абортирало. Замислете девојче за кое државата презело одговорност да се грижи, поминува низ тешки моменти, а министерката дури утре комисиски ќе го разгледува. Министерке Царовска, престанете да ги гледате судбините на децата како обична бирократија. Овој скандал заслужува разрешница и одговорност, пред се од вас како ресорен министер. Недозволиво е институциите да молчат и прашање е уште колку вакви слични случаи се имаат случено, а за кои јавноста никогаш не дознала“, рече Андоновска.

Посочи дека одговорност ќе има.

„Јавноста најмалку што очекува од вас е заради вашата надреденост над институциите, вие да понесете во најмала рака политичка и морална одговорност и да си поднесете оставка“, додаде Андоновска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.