Македонија

Андоновски: Зголемувањето на платата на специјалистите почна во мај

Андоновски: Зголемувањето на платата на специјалистите почна во мај

На специјалистите во сите општи болници, во сите клинички болници и во сите специјализирани болници веќе им е зголемена платата за 19,2 отсто и тоа со анексот на Колективниот договор што го склучи Министерството за здравство со синдикатот. Зголемувањето на платите на специјалистите е почнато во мај 2014, изјави денеска заменик – министерот за здравство Јовица Андоновски.

Андоновски во Собранието одговараше на пратеничко прашање на Роза Топузовска Каревска, за тоа по кој критериум се зголемуваат платите во овие центри.

– Точно во изминативе неколку години Министерството за здравство води една принципелна битка да овозможи од една страна заштеда на здравствениот систем, а од друга страна да се подобри квалитетот на здравствените услуги во кој било кој поглед. Затоа беше основана и Агенцијата за акредитација на јавни здравствени установи, рече Андоновски.

Конкретно за ова покачување на специјалистите во Клиничкиот центар, додаде, донесена е таква одлука од страна на Министерството за здравство и Владата на РМ коешто е резултат на заштедата на речиси скоро шест милиони евра, постигната во најголем дел на универзитетските клиники со последната спроведена централизирана набавка на лековите за јавните здравстени установи која беше овозможена со воведувањето на паралелниот увоз.