Македонија

Андов за „Катимерини“: Странците да помогнат за решение – македонската влада води анти-грчка политика

Андов за „Катимерини“: Странците да помогнат за решение – македонската влада води анти-грчка политика

Зборувајќи за периодот по распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, Андов вели дека од денешна перспектива тој се согласува со обвинувањата на поранешениот грчки премиер Мицотакис дека во Македонија наводно имало иредентисти што сакале да ја наследат историјата на Античка Македонија, пишува МРТ.

Во Македонија се ширела анти-грчка пропаганда, Мицоткис наводно бил во право кога своевремено не обвинувал за иредентизам, а македонскиот државен врв бил во делириум –  ова се само дел од ставовите што поранешниот лидер на Либералната партија Стојан Андов ги сподели во интервју за грчки Катимерини.

Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, Андов ја открива и подготвеноста на власта во Македонија во 93 та, кога претседател беше Киро Глигоров, за промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Зборувајќи за периодот по распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, Андов вели дека од денешна перспектива тој се согласува со обвинувањата на поранешениот грчки премиер Мицотакис дека во Македонија наводно имало иредентисти што сакале да ја наследат историјата на Античка Македонија.

„Кисинџер инсистираше дека Атина треба да не признае како Македонија и да започне период на блики односи. Мицотакис реплицираше дека тоа е тешко и дека климата во Грција не е поволна за вакви чекори. Тој исто така рече дека во Скопје има луѓе со иредентистички аспирации кој што сакаат да станат наследници на историјата на Античка Македонија. Сега гледам, од оваа перспектива после многу години, дека тоа што го предвиде Мицотакис, го гледаме пред нас (значи она што денеска го прави Владата на Груевски)“, вели Андов во интервјуто за Катимерини.

Андов ја открива и подготвеноста на власта во Македонија во 93- та година за промена на името и тоа почнувајќи од Уставот, во периодот кога тој беше претседател на Собранието, а премиер и шеф на држава беа Бранко Црвенковски и Киро Глигоров. Тогаш Глигоров побарал од него да обезбеди парламентарно мнозинство за менување на македонскиот Устав со цел промена на името во Република Словенска Македонија.

„Еден ден тој ми се јави и ми побара да обезбедам парламентарно мнозинство и да ги осигурам уставниот амандман и уставната промена на нашето име од Република Македонија во Република Соловенска Македонија“, вели Андов додавајќи дека според Глигоров, овој предлог бил прифатлив и за грчката страна.

Андов наводно одбил бидејќи знаел дека против предлогот ќе гласаат тогашаната опозиција на ВМРО, албанскиот блок и половина влада, но и дека тоа ќе создаде хаос. Открива дека оваа иницијатива била единствениот пат кога страните биле близу до компромис и дека досега била непозната за јавноста, но сега можела да се каже бидејќи поминале многу години.

Запрашан за тоа дали постои можност за компромис сега, тој вели дека ниту една влада немало да прифати јазикот и нацијата да бидат поинакви од Македонски, но дека во однос на името, за додавка и сложено име, имало простор за компромис.

„А ако помогне и странците може да најдат решение. Постојано велам и верувам дека мора да ставиме крај на анти-грчката кампања во Македонија“ , изјавил Андов, тврдејќи дека кај политиката на актуелната влада има анти-грчки елементи.

Интервјуто на Андов доаѓа со бранот негативни реакции во грчките медиуми по отварањето на Археолошкиот музеј во Македонија, a е илустирано со фотографии од Андов и од музејот, под кои што стои коментарот на Андов дека „македонскиот државен врв бил во делириум”.

Во грчките медиуми неодамна беше актуелен и сегашниот лидер на Либералната партија Ивон Величковски кој што предложи да се забрани и казнува истакнувањето на сонцето од Кутлеш. Лидерот на оваа опозициска партија, спротивно на пресудата од Хаг, тврдеше и дека Македонија наводно ја кршела Времената Спогодба со Грција.