Спорт

Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометари во Охрид

Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометари во Охрид

Трета година по ред, Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометарки и ракометари на возраст од 11 до 17 години. По двете вистински летни фантазии во Србија и Врњачка Бања, третата ќе се одржи во Македонија, поточно во Охрид во периодот од 20 до 26 јуни.

Учесниците ќе бидат сместени во хотелот „Дипломат“, а комплетните активности ќе се одвиваат во 2 сесии дневно, претпладне и попладне во салата „Билјанини извори“ која се наоѓа во непосредна близина на хотелот.

Уште од првото издание кампот има меѓународен карактер, со оглед на тоа дека во 2013 година имаше учесници од 7 држави, а минатата година таа бројка стигна до 11 држави. Досега за учество на годинешниот камп има пријавено млади ракометари од 9 европски земји.

kamp 2014 lekic

На денешната конференција за новинари, Андреа Лекиќ повтори колку е среќна поради можноста за средба со идните ракометни надежи во Охрид:

– Неизмерно задоволство ми е да гледам како децата го впиваат се она што им се објаснува и покажува. Нивната радост, креативност, волја и енергија се нешто најубаво на светот. Да се видат нивните солзи на крајот од кампот кога се тажни што се се завршува е неверојатно чувство. Додека е така, ќе постои кампот, од година во година“.

Најдобрата светска ракометарка за 2013 година, дел од својот одмор од професионалните обрвски во Вардар веќе традиционално го користи за да пренесе дел од своето знаење на децата, но и во кампот истовремено да се створи работна и забавна атмосфера која ќе се памти цел живот. За ракометните тренинзи, како и досега ќе бидат задолжени Горан Цмиљаниќ, Весна Бојковиќ и Радан Ровчанин, а нивни асистенти ќе бидат Ерна Кожар-Топалович (Словенија), Александра Кузмановска (Македонија) и Кристоф Сахли (Швајцарија). Марија Лојаница на секогаш поинаков и интересен начин ќе им ги приближи на учесниците кондициските тренинзи, додека за работа со голманите е задолжена Бранка Јовановиќ. Спортскиот психолог Бојана Јеличиќ помеѓу другото во разговор со учесниците ќе им помогне во сознанието дека е најважно да се истрае во преминувањето преку пречките и проблемите, додека за забавниот и релаксирачкиот дел од програмата е задолжена аниматорката Славица Кашериќ.