Андреа Поповски в.д. директор на Централен регистар

Андреа Поповски е назначен за в.д. директор на Централниот регистар на Македонија.

Според информацијата објавена на Централниот регистар, откако директорот Ванчо Костадиновски беше поставен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додека не биде поставен нов директор, вршител на должноста ќе биде Андреа Поповски кој претходно работеше во Централниот регистар.