Андреас Лубиц се обидел да го урне авионот уште на одење

Дали Андреас Лубиц, копилотот на авионот на „Џерманвингс“, во чија несреќа на 24. март загинаа 150 луѓе можел да го урне авионот во Пиринеите за време на летот помеѓу Дизелдорф и Барселона, наместо при враќањето во Алпите, е прашањето кое го отворија истражните органи, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Ова стои во прелиминарниот извештај на Бирото за истраги и анализи (БЕА) објавен денеска. Тој во секој случај ги направил истите гестови за време наи летот на одење, кои биле фатални при враќањето . Германскиот весник „Билд“ ја објави истата информација во текот на ноќта.

Директор на БЕА, Реми Жути објаснува дека Лубиц при овој лет , „веќе ги повторил” без да има “значителни последици“, гестовите за спуштање на авионот, кое се случи при враќањето на авионот кон Диселдорф на 24 март.

Инспекторите биле во можност да го реконструира крајот на летот помеѓу Дизелдорф и Барселона, со оглед дека неговиот крај се уште беше снимен на црните кутии пронајдени по несреќата.

Во 8: 20, при летот на одење, пилотот го напуштил своето место, како што направи во текот на фаталниот лет. Тогаш копилотот го мести автоматскиот пилот на 100 стапки (30 метри) – што е далеку помалку од 35.000 и 21.000 стапки (10,5 км и 6,5 км) кои постојано ги бара контролата на воздушниот простор – и авионот започнал да паѓа надолу. Андреас Лубиц сепак се чини дека да се премислил и повторно го подесил автоматскиот пилот на една нормална височина пред пилотот да се врати во кабината.

При фаталниот лет на враќање, копилотот повторно го подесува автомасткиот пилот на 100 стапки, додека пилотот бил отсутен, што го упатува авионот кон земјата.

БЕА, исто така, потврдува дека копилото се затворил во пилотската кабина намерно за да урне авионот во Алпите со користење на автоматскиот пилот, без притоа капетанот да може да се врати во кабината. Андреас Лубиц “не ја отвори вратата на кабината за време на слегувањето, и покрај барањето за пристап преку тастатурата [надвор од кабината], повици од интерфонот на кабината и чукањето и ударите на вратата “, напиша на БЕА.

Во текот на целото слегување на авионот се слуша дишењето, и најмало движење на рачката за управување и неколку акции со кои се врши подесување на реакторите, што е доказ дека копилотот Андреас Лубиц имал навистина намера за да го урне авионот над Алпите.

Во втората фаза од својата истрага, БЕА ќе се интересира за горливото прашање за психолошка ситуација на пилотите, односно да се каже “како и зошто [некои од нив] може да се најдат зад управувачите на авионите, со намера да предизвика губење на авионот со неговите патници “, и покрај процедурите за безбедност.

Инспекторите, исто така, ќе бидат заинтересирани за „компромисите, кои биле направени помеѓу барањата за безбедност, вклучувајќи ги и оние кои следеа по нападите на 11 септември, и барања за безбедност на летот.” Сега е навистина невозможно, да се отвори вратата на кабината од надвор без согласност на лицето кое е таму, што му дозволи на Лубиц да се затвори. Ова по советите дадени по атентатите на 11 септември 2001 година.

Сто и педесет луѓе, меѓу кои 72 Германци, загинаа на 24 март во несреќата на авионот за време на лет помеѓу Барселона и Дизелдорф. Според истрагата, Андреас Лубиц имал во минатото нарушено психолошко здравје.