Спорт

Андреев има за задача да ја освои шампионската титула

Андреев има за задача да ја освои шампионската титула

Пред неколку часа, искусниот руски стручњак, Сергеј Андреев и официјално беше претставен како нов тренер на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар.

Иако е само неколку дена во Скопје, Андреев потврди дека е задоволен од залагањето на неговите фудбалери.

„Среќен сум што можам да ве поздравам од Македонија. Чест е да се биде тренер на еден толку голем клуб каков што е Вардар. Знаев дека Вардар е најпознатиот клуб во Македонија кој пред неколку сезони ја има елиминирано ЦСКА од Москва во квалификациите за Лигата на шампиони. Одработив три тренинзи со првиот тим и можам да кажам дека задоволен од работата на моите фудбалер. Само што започнавме со напорната работа, а сакам мојот тим истовремено да игра агресивно, компактно и убаво за око. Само со убава игра ќе ги привлечиме фудбалските фанови”, изјави Андреев.

Новиот извршен директор на ФК Вардар, Самоил Симев откри дека приоритет во пролетниот дел од актуелната сезона е одбрана на шампионската титула.

„Прва зацртана цел е одбрана на шампионската титула и излез на европската сцена. Новото раководство сака да го врати стартиот сјај на Вардар, сакаме овој клуб повторно да биде гордост на Македонија и секое дете да го сонува црвено-црниот дрес”, изјави Симев.

Вардар за време на зимскиот преоден рок ги осигура услугите на напаѓачкиот двоец, Филип Ивановски-Илчо Наумовски, потоа на српскиот дефанзивец Александар Трниниќ и на словенечкиот интернационалец Анеј Ловречиќ, а новиот изврШен директот потврди дека Вардар повеќе нема да биде активен на пазарот на фудбалери.