Свет

Андреј Фик шеф на „Газпром Рускаја“

Андреј Фик шеф на „Газпром Рускаја“

Андреј Фик е назначен за шеф на компанијата „Газпром Рускаја“, која ќе го гради гасоводот „Турски поток“, пренесува МИА, повикувајќи се на соопштение на „Газпром“ цитирано од ТАСС.

Фик во „Газпром“ работи од 1996 година. Учествувал во проектот за изградба на гасоводот „Син поток“, што ги поврзува Турција и Русија.

Во последните две години Фик беше технички директор на компанијата „Саут стрим транспорт“ (South Stream Transport B.V), која требаше да го изгради поморскиот дел од „Јужен поток“.