Македонија

Андреј Петров: Изборите се мерило дали некој победил или изгубил

Андреј Петров: Изборите се мерило дали некој победил или изгубил

Поранешниот прв секретар на СДСМ, Андреј Петров за време на дебатната емисија на Телма телевизија изјави дека на крајот од денот изборите се мерило дали некој победил или изгубил, алудирајќи на тоа дека СДСМ претходните избори ги загуби со огромно мнозинство.

– Во партискиот живот е нормално и логично да пробате се` и да се јавите секаде за  да успеете бидејќи целта на крај се мери во гласови или на избори, дали си победил или си изгубил, посочи Петров во дебатната емисија.

Со ова Андреј Петров индиректно кажува дека бомбите на Зоран Заев се едно, а вистинската поддршка од граѓаните е нешто сосема друго.