Андухар лесно го “скрши” Бердих

Чешкиот тенисер Томаш Бердих, кој пред само неколку дена го освои турнирот во Стокхолм, откако во финалето славеше против Бугаринот Димитров, доживеа елиминација уште во 1/16 финалето на турнирот во Валенсија.

Домашниот тенисер Пабло Андухар успеа да слави против Чехот со убедливи 2:0 (6:3 , 6:2) во сетови и да се пласира во 1/8 финалето, каде ќе игра против Србинот Лајовиќ, кој пак вчера славеше над Соуса од Португалија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.