Анџелина Џоли го гледала својот нов филм со папата Франциско

Оскаровката Анџелина Џоли, вчера, заедно со папата Франциско го гледала својот нов филм насловен како “Unbroken”, пренесува АФП.

Џоли, се состанала со 78 годишниот папа и во друштво со нејзиниот брат, ќерките Шајло и Захар и преведувач го гледале филмот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пред прикажувањето на филнмот, глумицата и режисерка го бакнала прстенот на папата, а од него добила на подарок бројница.

papa-franja-i-andelina-dzoli-1420750044-53207

“Unbroken” е приказна за олипиецот Луис Замперини кој го преживеал паднот на својот авион во текот на Втората светска војна и заробеништво и во тоа најмногу му помогнала верата.