Магазин

Анџелина Џоли и Бред Пит посвоија седмо дете

Анџелина Џоли и Бред Пит посвоија седмо дете

Според известувањата во светските медиуми Анџелина Џоли и Бред Пит наводно посвоиле уште едно дете. Станува збор за две и пол годишно дете, бегалец од Сирија.

Анџелина го запознала момчето Мауса, во кампот кога како амбасадор на УНХЦР ја посети Турција.

– Кога Мауса видел дека Анџелина брише солзи, дошол до неа и ја прегрнал. Таа го бакнала во главата и оттогаш се неразделни, тврди неименуван извор за списанието „Woman’s Day“.

Мауса ќе биде седмо дете на холивудската двојка која веќе има три биолошки и три посвоени деца.

фото: closeronline.co.uk