четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Анџелина Џоли ја отпуштила дадилката затоа што мисли дека флертува со Бред Пит

Иако во последно време постојано се слушаат гласини дека Бред Пит е лут како рис што Анџелина Џоли флертува со згодниот камерман со кого снима нов филм, од куќата на славната двојка стаса информација дека вусшност тој е тој што бара нешто „настрана“.

angelina-joli-2jan

Поврзани вести

Иако во последно време постојано се слушаат гласини дека Бред Пит е лут како рис што Анџелина Џоли флертува со згодниот камерман со кого снима нов филм, од куќата на славната двојка стаса информација дека вусшност тој е тој што бара нешто „настрана“.

Имено, близок извор потврди за сајтот „Радар Онлајн“ дека убавата актерка отпуштила една од дадилките затоа што дознала дека е „непристојно блиска“ со нејзиниот сопруг. Како што се наведува Анџелина Џоли во повеќе наврати ги уловила нежните погледи помеѓу Бред и дадилката, па затоа што била уплашена дека тука би можело да има нешто повеќе, одлучила да и’ даде отказ.

Инаку, на популарната двојка воопшто не и’ е лесно да најде адекватни луѓе што ќе се грижат за нивните деца.

Една од претходните дадилки изјавила дека тие двајца се мошне немарливи и дека куќата им наликува на зоолошка градина, а другата за таблоидите откриваше тајни од нивниот интимен живот. Останува да видиме како ќе се одмазди госпоѓицата на која штотуку и беше врачено отказното решение.

Целата ситуација дополнително е подгреана од гласините дека Бред и Анџелина се разведуваат, но дека сепак се обидуваат да изнајдат решение за децата да не трпат последици.

Најчитани вести