Ангажманот на Македонија во Авганистан продолжува

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет.

Министрите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во ИСАФ мисијата разговараа за политичко безбедносната состојба во Авганистан.

Министерот Попоски се заложи за оддржлива демократија во Авганистан а со тоа и елиминирање на изворот на нестабилност.

– Ја разбираме потребата од продолжено присуство во земјата и после завршувањето на ИСАФ Мисијата оваа година, а важноста од искористување на моментумот е од витално значење”, потенцираше Попоски.

Тој додаде дека и ние и Генералниот Секретар Расмунсен знаеме дека противењето на Грција е во сила од 2008 година и дека не постојат механизми како земја членка на НАТО да се наведе на почитувањето на меѓународно правните обврски.

-Оттука најкултурен начин, се чини, е да се одбегне едно многу непријатно прашање за Грција. Нашиот ангажман во Авганистан продолжува и тоа е најголемиот доказ за сериозноста на Македонија како рамноправен партнер со земјите членки на НАТО семејството и за апсурдноста на блокадите како политичко оружје”, истакна министерот Попоски.

На маргините на состанокот Попоски оствари повеќе неформални разговори со свои колеги министри.